🎥 СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ ДОЈРАН Оштетени се овоштарници, жителите пријавуваат проблеми со струјата и со мобилната мрежа
За многу кратко време, врнежите го преплавија градот, а граѓаните пријавуваат и проблеми со електричната енергија, како и повремени прекини во мобилната мрежа.
Големо невреме го зафати Дојран во попладневните часови, носејќи со себе пороен дожд, силен ветер и град што предизвика значителна штета.
За многу кратко време, врнежите го преплавија градот, а граѓаните пријавуваат и проблеми со електричната енергија, како и повремени прекини во мобилната мрежа.
Очевидци велат дека дождот започнал со силен интензитет, по што следувал град кој оштетил овошки и земјоделски насади во неколку делови од општината. Ситуацијата дополнително се влошила поради налетите на силен ветер, кој кршел гранки и туркал предмети на отворено.