Страшни последици од изолацијата! Во Кенија има милиони гладни луѓе, па спас бараат во загрозените диви животни
Бидејќи оваа област претежно живее од луксузни сафари-тури, изолацијата што се случи во март збриша дури 9 проценти од вкупниот БДП на Кенија, а кој се однесува на туризмот.
Ловот на загрозени видови животни во Кенија расте, благодарение на изолацијата поради вирусот ковид-19 што остави милиони невработени и гладни луѓе. Економската криза што настана резултираше со тоа што ренџерите, чуварите и заштитниците на националните паркови населени со овие заштитени видови речиси секојдневно наоѓаа убиени жирафи, слонови и бикови.
Британски „Телеграф“ ја посети оваа област и забележа сцени на несреќни животни чиј тон месо вреди во просек 1.000 американски долари, а за овој медиум локалното население изјави дека најверојатно станува збор за ловокрадци кои ноќе доаѓале со велосипед да однесат месо на семејната трпеза или да го продадат на пазарите како говедско месо.
Бидејќи оваа област претежно живее од луксузни сафари-тури, изолацијата што се случи во март збриша дури 9 проценти од вкупниот БДП на Кенија, а кој се однесува на туризмот.
– Никогаш не сум видел такво нешто. Немаше работа, немаше пари. Дури и децата не одат на училиште. Не сум платен со месеци. Сè што можевте да направите е да останете дома и да јадете што имате – изјави за „Телеграф“ Питер Маитија, хотелски работник.
Од Националниот парк Цаво, тие забележуваат дека откако заминале туристите, сиромаштијата се зголемила, имало често кражби во куќите, а младите крадат кокошки и кози, а бременоста кај тинејџерите исто така се зголемува.
– Уништувањето на животинските видови е неверојатно зголемено од април. Имаме пријавено случаи на ловокрадство во области каде никогаш порано немало инциденти – рече Ерик Сагве, главен чувар на компанијата што работи низ националниот парк.
Тој командува со тим од 100 чувари кои патролираат во областа, со автомобили и пеш, следејќи ги ловокрадците и дивите дрвокрадци. Истиот ден кога ја пронашле убиената жирафа, пронашле и слон погоден од отровна стрела на кој му недостасувале роговоите, за што велат дека не виделе такво нешто веќе две и пол години.
Сагве додава дека наоѓаат нови стапици за животни скоро секој ден, како и дека луѓето почнале да ја уништуваат вегетацијата и да ги сечат заштитените шуми, пишува „Телеграф“.