СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА Млад скопјанец е тешко повреден, а видете го неговото БМВ
Како што соопшти полицијата, момчето изгубило контрола над возилото и удрило во столб на улично осветлување.
Дваесетгодишен скопјанец е тешко повреден во страотна сообраќајна несреќа која се случила синоќа на булеварот Србија.
Полицијата информира дека вчера околу 21.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Србија, Х.Б.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот кои се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.