СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЧКО Загина мотоциклист од село Баница

Полицијата соопшти дека во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско.

329

Мотоциклист синоќа загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случи  на патот од село Габрово до село Банско, струмички.

Полицијата соопшти дека во несреќата учествувале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.К.(42) од село Баница и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од М.Н.(46) од село Банско.






„Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица“, се наведува во соопштението.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица.

Поврзани содржини