СТРАШНА СНИМКА ОД ТУРЦИЈА Додека спасувачот ја снима во живо, четиригодишната Азра му умира на раце (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

На снимките се гледа дека детето тешко ја држи главата, а внимание привлекоа и повредите на лицето, пишуваат корисници на социјалните мрежи во Турција, коментирајќи дека мажот требал да почека да пристигне брзата помош, a не сам на раце да го носи повреденото девојче.

10,873

Четиригодишната Азра Дуру која беше извлечена од урнатините во Турција го загуби животот, а човекот кој ја извлекол од урнатините е цел на критики поради начинот на кој го држи девојчето и ја снима со мобилниот телефон.

Информацијата за смртта ја потврдија роднините на малечката Азра, јавуваат турските медиуми.






Се наведува дека спасувачот ја вклучил камерата од телефонот и снимал додека самиот го држел девојчето и покрај тоа што имало видливи повреди.

На снимките се гледа дека детето тешко ја држи главата, а внимание привлекоа и повредите на лицето, пишуваат корисници на социјалните мрежи во Турција, коментирајќи дека мажот требал да почека да пристигне брзата помош, a не сам на раце да го носи повреденото девојче.

Причината за смртта на Азра беше објаснета како траума предизвикана од природна катастрофа, тешка повреда, внатрешно крварење, скршеници на левата нога и на десната рака.

Поврзани содржини