СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА Се преврте автобус полн со патници, многумина се повредени
Автобусот се движел од Бодрум кон градот Ван кога слетал во канал на патот Д-300 и се превртел, јавува турската НТВ.
Автобус полн со патници денеска се преврте во турската област Малатија, при што 26 лица се повредени, но ничиј живот не е загрозен, соопшти локалниот гувернер.
Автобусот се движел од Бодрум кон градот Ван кога слетал во канал на патот Д-300 и се превртел, јавува турската НТВ.
На местото на настанот излегле итни служби, полиција и пожарникари.
Во автобусот имало 36 патници, а 26 лица се повредени и пренесени во две локални болници.
Гувернерот на Малатија Седар Јавуз ги посетил повредените во болница и им посакал брзо закрепнување.
Тој изјави дека според првите податоци никој од нив не е во животна опасност.
Пред неколку дена во автобуска несреќа во близината на Анкара, загинаа 11 лица.