СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО КИЧЕВО Автомобил удри во 10-годишно девојче, итно пренесено во болница

Десетгодишно девојче од Кичево заврши во болница со тешки повреди, возачот веднаш повикал помош, а полицијата го истражува случајот.

529

Десетгодишно девојче од Кичево утрово се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил на магистралниот пат Охрид–Кичево. Несреќата се случила околу 7:15 часот, кога малолетничката, според првичните информации, се обидувала да го премине патот во близина на населбата Другово.

Возилото марка Опел Астра со кичевски регистарски таблички го управувал 60-годишниот И.С. од село Другово, кој веднаш застанал по ударот и ја повикал службата за итна медицинска помош. Девојчето било пренесено во Медицинскиот центар во Кичево, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди, но таа е надвор од животна опасност.






Екипа на кичевската полиција извршила увид на местото на настанот за да се утврдат околностите под кои дошло до несреќата. Според информациите од ОВР Кичево, возачот бил задржан на разговор и се прават дополнителни проверки за тоа дали возел со дозволена брзина.

Поврзани содржини