🎥 СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО МАГАЦИНИ ЗА ОГНОМЕТИ КАЈ СОФИЈА Еден загинат, еден повреден и двајца исчезнати

Експлозиите – од кои првата беше регистрирана синоиќа - во градот Елин Пелин во близина на Софија предизвикаа голема тревога при што властите евакуираа 150 луѓе.

158

Во серија експлозии во шест магацини за пиротехнички материјал во близина на главниот град на Бугарија, Софија, загина едно лице, а друго е повредено, изјави денеска министерот за внатрешни работи Калин Стојанов.

Две други лица (на возраст 22 и 60 години) се водат како исчезнати.






Експлозиите – од кои првата беше регистрирана синоиќа – во градот Елин Пелин во близина на Софија предизвикаа голема тревога при што властите евакуираа 150 луѓе.

Местото на инцидентот го надлетува воен хеликоптер.

Истрагата ја води Окружното обвинителство на Софија.

Поврзани содржини