Страшна бура беснее во САД – верижни судари, има загинати и повредени (ВИДЕО)

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пенсилванија во која учествуваа меѓу 30 и 60 автомобили. Во Њујорк дошло до судир на 27 возила при што биле повредени шест лица.

1,228

Североистокот на САД беше погоден од силна снежна бура, а беа издадени предупредувања за 14 држави. На удар се повеќе од 60 милиони луѓе, пренесува Би-би-си.

Како што објавија медиумите, над половина метер се очекува во делови на Пенсилванија и Њујорк, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување во кое се вели дека ќе биде опасно, ако не и невозможно да се патува во најтешко погодените делови, а како што истакнаа, можен е и прекин на снабдувањето со електрична енергија.






Во некои области, снег ќе паѓа колку што паднал во текот на ланската зима, предупредуваат метеоролозите.

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Пенсилванија во која учествуваа меѓу 30 и 60 автомобили. Во Њујорк дошло до судир на 27 возила при што биле повредени шест лица.

Метеоролозите бурата ја нарекоа Бура на деценијата.

Поврзани содржини