Страшевски му даде рок од седум дена на Мицкоски да го поведе членството на масовни протести

Ви ветувам од денес нема да е сè исто, нема да има еден мирен ден за оваа ненародна влада, 7 дена се доволни за да се направи еден голем чекор напред - истакна Страшевски.

5,776

Адвокатот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Страшевски, денеска одржа прес-конференција пред седиштето на опозициската партија на која на Христијан Мицкоски му даде рок од 7 дена за да организира и реализира, масовни протести на членството сè до, како што рече, падот на СДСМ и ненародната власт.

Тој побара да престане и поделбата на, како што ги нарече, љупчовисти, грујовисти и мицковисти.






– Ако ова не го направи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ние членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме приморани сами да го повикаме членството на масовни протести против оваа влада и СДСМ, ви ветувам од денес нема да е сè исто, нема да има еден мирен ден за оваа ненародна влада, 7 дена се доволни за да се направи еден голем чекор напред – истакна Страшевски.

Тој потенцираше дека рокот од 7 дена не е ниту ултиматум, ниту уцена, ниту повод за нови поделби во ВМРО-ДПМНЕ, туку дека е доволен период за раководство на ВМРО-ДПМНЕ да тргне во едно, според него, историско обединување не само внатрепартиско, туку и сенационално обединување.

Поврзани содржини