Амад Ајад (40) живее спортски живот. Редовно вежба, здраво се храни, води сметка за своето здравје, па не ни сонувал дека коронавирусот може да го нападне и да му го загорчи животот.
Атлетичарот од Вашингтон ги почувствувал првите симптоми налик грип на 11 март. Само неколку дена подоцна, по потврдата за присуство на коронавирусот во неговиот организам, тој бил сместен во болницата „Џон Хопкинс“.
Тој бил во многу тешка состојба поради коронавирусот, така што лекарите во болницата „Џон Хопкинс“ морале да го стават во вештачка кома и да го постават на респиратор. Тогаш станал првиот ковид-19 пациент во оваа установа кој бил приклучен на респиратор.
За тоа време тој ослабел 27 килограми и за последица има оштетување на белите дробови и на срцето. А, до вчера без проблеми се занимавал со спорт и физички бил најподготвен за најекстремните предизвици.
На почетокот на март, отишол на три дена на Флорида заедно со својот брат. Неколку дена подоцна, на 11 март, добил температура и почнал да слабее.
Следувале кашлање, кивање, губење на апетитот… По четири дена, почнал отежнато да дише, без сила да оди или да вози автомобил.
– Јас го добивам грипот секоја година и се лекувам од него два или три дена и се чувствувам подобро. Ова не е грип. Луѓето мора да бидат внимателни. Живеете така што мислите дека коронавирусот е некој посилен грип и дека вие нема да го добиете – изјави Ајад за „ВМАР 2 њуз“, а го пренесоа сите светски медиуми.
„Ете, тоа мене ми се случи. Во основа бев парализиран, не можев да се помрднам. Кога се разбудив од кома сите мои мускули исчезнаа“, ја опишал агонијата Ахмад.
Во текот на наредните 25 дена, Амад бил под седативи и во мошне делирична состојба, а изгубил повеќе од 27 килограми.
Кога излегол од болница, Ајад морал да оди на рехабилитација, која се состоела и од говорна терапија…
Утешно е тоа што два месеца подоцна, тој веќе се вратил на спортските активности и на враќањето на физичката кондиција.
– Морав да одам на говорна терапија, бидејќи не можев да зборувам. Ми требаше социјална терапија затоа што морав да научам да голтам повторно. Физикалната терапија беше неопходна за да го разбудам телото. Имав тешкотии со дишењето бидејќи ми се оштетија белите дробови, моето срце исто така е оштетено – рече американскиот спортист.
Според податоците од болницата, Ајад имал 97,5 килограми кога првпат бил примен, а речиси еден месец подоцна се разбудил од вештачка кома и открил дека тежи само 69 килограми.
Вирусот ги нападнал и неговите внатрешни органи – кога Ајад бил отпуштен од болница на 22 април, тој сè уште имал крвно згрутчување во вената на левата рака, а неговото срце и бели дробови биле оштетени.
Once a 215-pound athlete with chiseled muscles and astounding strength, 40-year-old Ahmad Ayyad looked like a completely different person after surviving coronavirus. He was in an induce coma for 25 days. https://t.co/EMsyhEfnzv
— CNN (@CNN) June 30, 2020
ФОТО: Инстаграм/Твитер