СТРАНЦИ СО ДВЕ ВОЗИЛА ЗАЛУТАЛЕ ВО МАРИОВСКО Екипа на полицијата ги пронајде и во тек е нивно извлекување
Дозвете вила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго.
Доцна попладнево екипи на Центарот за управување со кризи успешно реализираа акција на спасување изгубени семејства, од странство во два автомобила, коишто заедно со 4 дечиња залутале во нашата држава и заглавиле со возилата заради лошите временски и патни услови во планина.
– Семејствта со возилата залутале, а потоа и заглавиле на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, каде што до 15.10 часот беше блокиран сообраќајот заради голем одрон- информираат од ЦУК.
Едното возило е од Литванија. Дозвете вила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри, едно зад друго.
-По неколку часа теренско возење искусниот тим на МВР ги пронајде возилата 19.15 часот и се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена сосотојба – информираат од ЦУК.
Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион.