СТОТИЦИ РЕЗЕРВИСТИ ПОВИКАНИ, ДАНСКА Е НА НОЗЕ Инцидентите со дронови предизвикаа тивка мобилизација

Војската не ја коментира точната бројка на повикани, но според извештаите, се работи за персонал кој се активира на клучни стратешки позиции, особено за заштита на инфраструктура и противдронски одбрана. Исто така, Данска воведе забрана за летови со цивилни дронови над делови од земјата.

488

Неколку стотици резервисти биле итно повикани во армијата на Данска откако неидентификувани дронови го нарушиле воздушниот простор над Копенхаген, и тоа две вечери по ред, јави НВ Медиа, повикувајќи се на извештаи од данската телевизија ТВ2 и владини извори.

Претходно, на 22 септември, слични инциденти биле забележани и над цивилните аеродроми во Копенхаген и Осло. Според НВ Медиа, ова е првпат по многу години Данска да пристапи кон ваков тип на „тивка мобилизација“, без јавна објава, но со целосна организациска подготвеност.






Војската не ја коментира точната бројка на повикани, но според извештаите, се работи за персонал кој се активира на клучни стратешки позиции, особено за заштита на инфраструктура и противдронски одбрана.

Земји-членки на ЕУ како Франција, Германија и Шведска понудиле поддршка во форма на антидрон системи и стручњаци, додека Украина испратила свои експерти да учествуваат во вежбите за детекција на дронови над Балтикот, јави „Блумберг“.

Паралелно, Данска воведе забрана за летови со цивилни дронови над делови од земјата. НАТО ја зголеми својата присутност во областа на Балтичкото Море.

Извор од „РБК Украина“ наведува дека мобилизацијата на резервистите била итна и насочена кон можно нивно распоредување на терен. Во рамки на мерките за заштита, украински воени експерти се приклучиле на данските сили заедно да одржат вежби за неутрализирање на беспилотни закани.

Поврзани содржини