СТОТИЦИ КУРШУМИ, ПИШТОЛИ, ПУШКИ … Еве што откри полицијата кај двајца скопјани

Полицијата изврши претреси на две локации во Скопје, при што откриле оружје и муниција, а на осомничените им е одреден притвор.

484

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера извршиле претреси на две локации во Скопје, при што откриле оружје и муниција, а на осомничените им е одреден притвор.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, при претрес во дом на А.М во Скопје биле пронајдени пет куршуми.






При претрес на дом кај Г. М. во Скопје, пак пронајдени биле 409 куршуми, една автоматска пушка со две рамки за неа, еден револвер, три пиштоли и една ловна пушка.

„По завршување на претресите лицата се лишени од слобода, а по комплетирање на целокупната документација СВР Скопје- ЕНТ поднесе кривична пријава до ОЈО, а судија на претходна постапка на двајцата им одреди по 30 дена притвор“, соопшти МВР.

Поврзани содржини