Стопанска комора: Во Ниш се вакцинираа над 900 македонски бизнисмени

И покрај поголемиот прилив, процесот на вакцинација ќе се реализира согласно планираното, доколку е потребно и до 22 часот, со цел сите регистрирани стопанственици да бидат имунизирани, се вели во соопштението на Стопанска комора.

750

Во текот на денешниот ден, од отворањето на пунктовите за вакцинација па сè до 15 часот вакцинирани се вкупно 1.530 стопанственици од регионот, од кои приближно 900 се од Северна Македонија, соопшти Стопанска комора.

„Поради зголемениот број на лица дојдени за вакцинирање пред спортската сала во Ниш, Република Србија, кои не биле пријавени за вакцинација, дојде до одреден застој кој резултираше со пролонгирање на договорените термини од околу 2 часа. Тимовите на Стопанската комора на Северна Македонија кои се распоредени во спортската сала Чаир во Ниш, заедно со колегите од Стопанската комора на Србија и полициските служби на Република Србија, ги презедоа сите потребни активности и во моментов процесот продолжува да тече непречено. И покрај поголемиот прилив, процесот на вакцинација ќе се реализира согласно планираното, доколку е потребно и до 22 часот, со цел сите регистрирани стопанственици да бидат имунизирани“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини