СТОЛТЕНБЕРГ ПРИЗНА Украина нема да добие официјална покана за членство на НАТО-самитот во јули

На самитот во Вилнус, но и за време на подготовките за самитот, нема да разговараме за официјалната покана, изјави Столтенберг по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, пренесуваат британските медиуми.

192

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека лидерите на Северноатлантската алијанса нема официјално да ја поканат Украина да стане нивна членка, на самитот во Вилнус, Литванија, на 11 и 12 јули.

– На самитот во Вилнус, но и за време на подготовките за самитот, нема да разговараме за официјалната покана – изјави Столтенберг по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин – пренесуваат британските медиуми.






Тој додаде дека лидерите ќе разговараат како Украина да се приближи до членството во НАТО.

Генералниот секретар предупреди дека е против прифаќање на статусот на замрзнат конфликт во Украина.

– Сакаме крај на војната, но мирот не може да значи замрзнување на конфликтот и прифаќање на договор диктиран од Русија – рече Столтенберг.

Поврзани содржини