СТОЛТЕНБЕРГ МУ ОДГОВОРИ НА ПУТИН Ширењето на НАТО ќе продолжи, нема компромис со Русија
Со тоа е одбиен и главниот предлог на Путин, во врска со мировниот договор околу можното решавање на украинската криза.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави дека не постои шанса да престане ширењето на алијансата кон земјите кои се граничат со Русија, со што практично го одби предлогот за компромис на рускиот претседател Владимир Путин.
Со тоа е одбиен и главниот предлог на Путин, во врска со мировниот договор околу можното решавање на украинската криза.
– Нема компромис околу основните принципи, вклучувајќи го и правото на секоја држава самата да одлучи по кој пат ќе оди. Секоја држава има право да го одбере начинот на кој ќе се брани, и дали ќе биде дел од некој безбедносен договор – изјави Столтенберг.
Генералниот секретар допони и дека присуството на руските сили во близина на Украина и натаму предизвикува вознемиреност дека би можело да дојде до инвазија.
Претседателот на Фрација емануел Макрон, денеска изјави дека е важно да се разговара со Русија и дека тој во текот на наредните денови ќе оствари средба со рускиот претседател.