Столтенберг до Бајден: Нестрпливо ја очекувам нашата тесна соработка
Генералниот секретар на НАТО смета дека со стапувањето на должност на новиот претседател на САД се отвора нова можност за демократијата.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави официјалното стапување на должност на новиот американски претседател Џо Бајден.
„Го поздравувам инаугурирањето на претседателот Џо Бајден. Денеска отвораме ново поглавје и нестрпливо ја очекувам нашата тесна соработка“, напиша Столтенберг на Твитер, веднаш откако Бајден положи заклетва како 46. претседател на САД.