Стоилковски: Пуленот на Заев насилнички го презеде советот и украде 150 милиони денари од касата на Гази Баба
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски и советниците кои на насилен и криминален начин гласаа и го донесоа ребалансот на општинскиот буџет, најави Стоилковски.
Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и украде 150 милиони денари од општинската каса на Гази Баба. Со една цел- изборен поткуп, изјави вечерва Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев – рече Стоилковски.
Споре него Георгиевски ја злоупотребил својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донел одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот.
– Георгиевски е исплашен и до гуша заглавен во криминал. Видео снимката која ќе ја пуштиме во прилог на оваа изјава покажува како Георгиевски го крши законот, и на сила без правен основ донесува одлука за ребаланс на буџетот. Ова е кривично дело за кое и Георгиевски и советниците кои гласале ќе сносат одговорност и за кое ќе се најдат пред лицето на правдата. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и против Георгиевски и против советниците кои го гласаа ова незаконие. А доколку казна нема сега, ќе има по воспоставувањето на правната држава. Злоупотребите и крадењето се синоним заедно со насилството за СДСМ. Тоа мора да запре. Нема полошо за Македонија, нема полошо од нејзините криминалци за вашите општини – рече Стоилковски.