Стоилковски: Oмилената фирма на Филипче за 3 години добила тендери од 5 милиони евра

Стоилковски рече дека од почетокот на 2021 година до денес, „Кубис медикал“ од клиниките и болниците низ Македонија добила тендери во висина од 7.381.554 денари, односно 120.000 евра.

439

ВМРО-ДПМНЕ ги повика истражните органи да го истражат зачестеното добивање тендери во здравството на фирмата „Кубис медикал“  и нејзината поврзаност со министерот Венко Филипче.

 

– Вчера објавивме дека Венко Филипче потпишал набавка на томографи и покажавме придружен материјал за болниците во Кавадарци и Гевгелија со фирмата „Кубис медикал“ за 15 милиони повеќе од првично понуденото од истата фирма и е на пат да го оштети буџетот и граѓаните. По спроведената прва фаза од набавката и укинувањето на конкуренцијата на сите понудувачи кои ги исполнувале условите, „Кубис медикал“ дала втора понуда за 15 милиони повеќе од тоа што самата понудила во првото јавно наддавање. „Кубис“ имала добивка уште во првиот случај, па така се поставува прашањето каде ќе завршат дополнителните 15 милиони, за кои е зголемена цената. Дали овие 15 милиони, за кои е зголемена цената ќе завршат во џебовите на врвот на власта и Венко Филипче – праша денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференција.






Аферата „Коруптографијa“ како што ја нарече ВМРО-ДПМНЕ, има втор дел, а тоа е дека за 3 години добила државни тендери од 5 милиони евра. Стоилковски рече дека од почетокот на 2021 година до денес, „Кубис медикал“ од клиниките и болниците низ Македонија добила тендери во висина од 7.381.554 денари, односно 120.000 евра.

– Фирмата миленик на Филипче во скандалот коруптографија, на 01.02.2021 година, со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, склучува договор за набавка на уреди за дневна проверка на акцелератори во висина од 1.769.976 денари. Две недели подоцна истата склучува договор за набавка на шприцеви и друг потрошен материјал со општа болница во Струга, во висина од 548.110 денари. За два дена по оваа набавка на „Кубис медикал“ ѝ тргнува работата, па склучува договор за набавка на опрема за томографи, за Универзитетски институт за позитронско – емисиона томографија, во висина од 1.349.873 денари. На 28.01.2021 година „Кубис медикал“ склучува два договора – еден со Универзитетската клиника за детска хирургија, а другиот со Ургентен центар во висина од скоро 3 милиони денари. Два договора во еден ден „Кубис медикал“ потпишува и на 01.02.2021 година, едниот со Клиничката болница во Штип, а другиот со „Св. Еразмо“ во Охрид, во висина од околу 9 милиони денари – рече Стоилковски.

Поврзани содржини