Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски преку Фејсбук информира дека е издадена наредба за негово приведување.
– Хунтата издала наредба за мое присилно приведување! Чист притисок и обид за заплашување, еј на гласноговорник на опозиција! Внимавајте, без наредба за претрес да влезат во домот, но и во други простории за присилно да ме приведат. „Огласот” за нова Кацарска е отворен, па удри колку можеш! На нозе утрово беше дигнат цел полициски вод! Дома, на работа, низ Скопје! Како да сум биецот од Смилковско. Како да сум убиецот на Мартин Нешковски. Како да сум оштетил буџет, земал местени тендери и пари од фондови, сум дал лиценци на брат на 30 години, како да перам пари од Панама, дрпам од набавка за систем Леонардо, или тендераш ми гради куќи на водно, или сум снимен директор како ставам снопче пари во чанта, делам фабрики за марихуана …!? Или пак кај мене завршија парите од „Рекет“, па трошам без покритие, за вили во Грција или скапи станови и мотори? – напиша Стоилковски.
Тој додава дека против него досега нема покренато обвинение и дека уредно е примена поканата како претставник на правно лице.
– Ова е чисто изживување, порака „еве што можеме“. Ова е обид за заплашување насочен кон мене, моето семејство, деца. Но нема да ме замолчите. И да, вечерва ќе ја споделам колумната за Вилма и Добрила, за идолите и основоположниците на оваа Инквизиција – напиша Стоилковски.
До исполнувачите:
– Ќе ве потсетам дека и по Катица вака трчавте!
– До полицајците:
Ве разбирам момци, нека не ви е непријатно, како хунтата губи тло под нозе, се почесто вакви наредби ќе добивате.
Еве ја!Хунтата издала наредба за мое ПРИСИЛНО ПРИВЕДУВАЊЕ!Чист притисок и обид за заплашување, еј на гласноговорник на…