СТОИЛКОВСКИ ГО ПРАША ШИЛЕГОВ Дали фирми од тендерите на Градот ја доградуваат твојата куќа?
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за време на мандарот како градоначалник на Скопје, Петре Шилегов незаконски го зголемил имотот.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да бара одговори од градоначалникот Скопје Петре Шилегов како ги заработил парите за да може да ја доградува семејната куќа за што нема и дозвола за градење и како го зголемил имотот за време додека е градоначалник на Скопје.
Портапролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, на прес конференција рече дека според податоците со кои располага партијата адвокатското друштво Шилегов и партнери ДОО –Скопје во 2019 година, остварил финансиски резултат –добивка од 301.905 денари, а со неговата градоначалничка плата не може да си го дозволи луксузот што го поседува.
– Значи адвокатското друштво на Петре Шилегов во 2019 година има добивка од неполни 5.000 евра. Цело адвокатско друштво, цела компанија, на раб на опстојување, на раб на одржување. Адвокатско друштво каде што Шилегов не е сам, Шилегов има и патрнери така е и името на фирмата. Градоначалничката плата на Петре Шилегов не е доволна за ваков луксуз во три години. Фирмата на Шилегов со 300.000 денари годишно заработка, е на раб на постоење, и не може да е извор за луксузирање. Тој во еден мандат несразмерно го зголемува својот имот и тоа со луксузна вила на Маврово од 300 метри квадратни со огромен луксузен екстериер, со возен парк од најмалку 130.000 евра, три луксузни автомобили, како и со нелегална луксузна надградба на семејна зграда со што ја наткачува вредноста на објектот за најмалку 100тина илјади евра. Ниту платата, ниту фирмата не може да се извор за толкав луксуз ! – вели Стоилковски.
Тој повторно ги ушати до Шилегов истите прашања, кои како што вели , скопскиот градоначалник бега од одговори.
– Дали зад луксузните градби и нелегални надградби стојат фирми коишто на некој начин може да се поврзани со тендери и исплатени пари од градската каса? и дали Петре Шилегов се луксузира на сметка на противуслуги поврзани со работењето на Градот? – праша Стоилковски.