Стоилковски ги повика Обвинителството и Антикорупциска да истражат како се купени две машини за перење од 25.500 евра
Стоилковски вели дека ДКСК постои за да ги заштити граѓаните од корупција на избраните и именуваните функционери, како Александар Наумоски, градоначалникот од Ѓорче Петров.
Постојат низа сомнежи, постојат низа индиции за кои што и ЈО и ДКСК имаат чист терен за работа во Ѓорче Петров за скандалот со двете машини за перење од 25.500 евра, за што е потпишан овој договор, на тендер со само еден понудувач, со цена за 10.000 евра поголема од пазарната и реалната вредност на двете машини, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски вели дека ДКСК постои за да ги заштити граѓаните од корупција на избраните и именуваните функционери, како Александар Наумоски, градоначалникот од Ѓорче Петров.
–Има ли спрега меѓу Наумоски како градоначалник, Ристовска директорката на градинката и Настовски како сопственик на транспортнта фирма добитник на низа тендери во овие 4 години додека се СДСМ на власт во Ѓорче Петров. Или пак можеби и други врски како можност за постоење на крвно сродство меѓу нив тројца? – прашува Стоилковски.