Стоилковски: Царовска го сокри изборот на ментори во училиштата, во Карпош беше избран партиски кадар?!

Ова е уште еден прекрасен проект на СДСМ и Мила Царовска за партизација и уништување на образованието, рече Стоилковски.

296

МОН го објави, па го сокри изборот на ментори во училиштата. За тоа има неколку причини, но најголемата е тоа што токму во училиште во Карпош е избран кандидат кој што го пишува во онаа пресретната партиска листа каде кандидатите за ментор се партиски оценувани за партиска подобност со „наша е” или „има книшка” од партиската организација на СДСМ, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дека станува збор за „наши” и „има книшка”, сомнеж на регуларноста во изборот фрла и тоа што, ако се било регуларно во бодирањето зошто не се објавени ранг листи на сите учесници на конкурсот? Притоа, не е дозволен ниту увид во рангирањата. И последно од она што на прв поглед се забележува е дека на донесените конечни листи, оние коишто ги објавија, па ги сокрија, нема потпис од сите членови на комисијата, а на една нема потпис од претседателот на комисијата. Уште еден прекрасен проект на СДСМ и Мила Царовска за партизација и уништување на образованието – рече Стоилковски.

Поврзани содржини