СТО: Намален раст во трговијата со услуги заради коронавирусот
Показателот на трговијата со услуги е опаднат на 96,8 бодови од претходните 98,4 бодови, што беше забележен во септември минатата гдоина.
СТО напоменува дека новите бројки не го опфаќаат во целост економското влијание на новиот коронавирус, како и дека индексот во следните неколку месеци може дополнително да опадне.
Најголемиот пад е забележен во превозот на патници и во контејнерскиот превоз на товари, а послаби од просечните трендови се и секторите за финансиски и ИТ услуги. Во градежниот сектор движењата се горе-доле непроменети.
Растот на светската трговија со услуги континуирано опаѓаше во текот на цела 2019 година, од 4,7 отсто во првото тримесечие на 2,8 отсто во третото тримесечие, наведе СТО.