Стојановска до Филипче: Гласот ми трепери оти не ја водите работата како што треба, вие и само вие сте одговорен
Министерот за здравство Венко Филипче и опозицијата се фатија во костец за амандманите на Законот за за заштита на населението од заразни болести и првиот дуел на собраниската комисија за здравство е за носењето маска на отворено.
– Пратеночката со треперлив глас се надевам дека ќе може да направите добра проценка. Изолацијата се однесува на тие што чекаат резултат од тест. Како медицинско лице тоа треба да го знаете не знам зошто имате таков пропуст. Мерки има и тие требаа да се почитуваат Државата не беше оставена без мерки. Потребата од маски на отворено е да биде уредена со закон оти претходно беше уредена со уредба- рече Филипче во реплика на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.
Пратеничката го обвини министерот дека тој е најодговорен за ситуацијата со ковид-19.
– Филипче тврдеше дека ќе имаме не повеќе од 2.000 заразени а имаме 20.000. Не е се под контрола а за тоа е најодговорен господинот кој што седи пред мене – рече Стојановска алудирајќи на Филипче и додаде:
– Гласот ми трепери оти не ја водите работата како што треба, и тоа се одразува на сите граѓани. Само глобите и казните да не бидат само врз опозицијата со реваншизам. Вие и само вие сте одговорен.
Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандамни на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено пратеници од власта и од Алијанса и Алтерантива.
Првиот амандман е поврзан со мерките на Владата за носење маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки. Министерот за здравство го прифати амандманот и тој ќе биде составен дел од Законот.