Носителката на листата во ИЕ 6 Дафина Стојаноска денеска беше помеѓу граѓаните во Гостивар, каде што оствари средби со луѓе од сите етнички заедници кои живеат во градот, како и средба со младите луѓе од Гостивар.
– Граѓаните на Гостивар се гневни на СДСМ и Зоран Заев не само поради пустошот и понижувањето врз Македонците во Гостивар, туку и поради пустошот кој им го приредија на сите граѓани кои живеат во Гостивар, независно од нивната етничка припадност. Гостиварчани се спремни да го казнат Зоран Заев. На 15-ти јули ќе му се соопшти веста за неговиот пораз на сите можни јазици кои се употребуваат во Република Македонија, но тоа нема да го спаси од голата вистина дека ќе замине во историјата на најголемите предавници. Гостивар силно посакува Обнова на Македонија! – порача Стојаноска.