СТОЈАНЧЕ ПРЕВЕНТИВНО ГАСИ ПОЖАР ВО ОХРИД Клубот „Цар Борис Трети“ се отвора за да биде запален?!

На отворањето на клубот ќе се испосликаат неколкуте домашни, од неодамна освестени Бугари со нивните гости од Бугарија и толку. Тешко дека по отворањето на клубот, некој друг ќе влезе во него, вели Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

578

Името на вториот бугарски „културен” клуб „Цар Борис Трети” во Охрид е кристално чиста, злонамерна провокација. Исто како и името на првиот клуб „Ванчо Михајлов”, напиша на својот Фејсбук профил генерал Стојанче Ангелов.

„Исто како и првиот, така и вториот клуб ‘Цар Борис Трети’ се отвора за да биде оштетен, запален или уништен со што би се продлабочила веќе загрижувачката нетрпеливост и омраза помеѓу Македонците и Бугарите. Кому тоа му одговара? Зошто тоа некому би му одговарало? Кој е реалниот инспиратор на овој валкан напад врз односите помеѓу Македонија и Бугарија, помеѓу Македонците и Бугарите и индиректно помеѓу Македонците и Албанците? Особено сега кога Македонија е на почетокот на преговорите со ЕУ”, прашува Ангелов.






Затоа, вели тој, како држава и како народ треба да покажеме мудрост и да не наседнеме и на оваа директна провокација чија цел е да се изнуди реакција од македонска страна.

„На отворањето на клубот ќе се испосликаат неколкуте домашни, од неодамна освестени Бугари со нивните гости од Бугарија и толку. Тешко дека по отворањето на клубот, некој друг ќе влезе во него. Затоа што во Македонија безмалку и да нема Бугари. Така велат резултатите од пописот (само 3.505 Бугари), така зборуваат и резултатите од гласањето на Бугарите од Македонија на парламентарните избори во Бугарија од пред неколку дена (650 гласачи)”, забележува Ангелов.

На крајот на статусот, Ангелов заклучува дека целта на инспираторите на овој валкан напад би била остварена само тогаш кога и клубот „Цар Борис Трети” би бил оштетен, запален или уништен. Затоа, колку и да е тешко да се одолее на оваа силна и провокативна дразба, сепак најдобар лек за неа е „целосен игнор”, смета Ангелов.

Поврзани содржини