СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЛИЧНО СИМНУВАЛ ОД ВОДНО МОМЧЕ СО СКРШЕНА НОГА! Немало екипи за интервенција, па решил да помогне сам
„Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, па бидејќи немало екипи, тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце, заедно со мои другари, го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница“ – се вели во објавата на профилот „Боем“.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов ноќеска во 3 часот по полноќ од Водно на раце носел човек со скршена нога, затоа што во ЦУК и Итната медицинска помош немале дежурна екипа.
Ова на Фејсбук го објави граѓанин кој бил присутен на настанот, а истото подоцна го потврди и Ангелов.
„Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови луѓе пешки се симнуваат од крстот, а нормално, патот не е осветлен. Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен. Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, па бидејќи немало екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце, заедно со мои другари, го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница“ – се вели во објавата на профилот „Боем“.
Ангелов потврди дека навистина било така.
„Благодарам за убавите зборови особено ако се земе предвид дека ретко можат да се слушнат. ЦУК нема свои ресурси туку координира со ресурсите на државата. Во конкретниот случај за извлекување на повредено лице од една од најстрмните патеки на Водно, ДЗС и МВР имаат обучени тимови за спасување но нивните процедури се спори, а овде се работеше за итен случај“, напиша Ангелов на својот профил на Фејсбук.