СТОЈАНЧЕ ЈА БРАНИ МЕЧКАТА КОЈА ГРИЗНА ДАНСКИ ТУРИСТ „Си ги штитела мечињата“

Мечката го нападнала туристот денеска околу 10.45 часот во месноста Јелак, додека бил на скијање со група други скијачи.

847

Мечката што гризна дански скијач на Шар Планина всушност ги штитела своите мечиња, информираше Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за Управување со Кризи, кој беше на местото на несреќата.

Тој објасни дека данскиот „фри рајдер“ скијач, кој скијал надвор од обележаните скијачки патеки, е добро.






– Раната не е длабока, исчистена и санирана е. Немаме точни информации за каква рана се работи, но најверојатно станува збор за лесна, бидејќи веднаш по преврската данскиот турист ја напуштил болницата во Тетово – изјави Ангелов.

Мечката го нападнала туристот денеска околу 10.45 часот во месноста Јелак, додека бил на скијање со група други скијачи. Таа го гризнала и го изгребала скијачот по нозете.

МЕЧКА ЗГРАПЧИЛА СКИЈАЧ НА ШАР ПЛАНИНА Турист од Данска едвај спасил жива глава

 

Поврзани содржини