СТИВЕН СИГАЛ СНИМА ФИЛМ ВО БЕЛГРАД Актерот ќе глуми во акционен трилер на хрватскиот режисер Вјекослав Катушин
Легендарниот холивудски актер и мајстор на боречки вештини Стивен Сигал се враќа на големото платно по речиси шестгодишна пауза – во новиот акционен филм „Order Of The Dragon“, во режија на повеќекратно наградуваниот хрватски режисер Вјекослав Катушин
Стивен Сигал пристигна во Белград кадешто ќе започне со снимање на нов акционен трилер, по речиси шестгодишна пауза.
Станува збор за филмот „Order Of The Dragon“, во режија на повеќекратно наградуваниот хрватски режисер Вјекослав Катушин (C.L.E.A.N., Wrongful Death, Oniros Film Awards, Vegas Movie Awards).
Снимањето ќе започне овој месец (септември) и ќе се одвива на атрактивни локации во српската престолнина. Проектот ветува враќање во „златното доба на акцијата“ од 80-тите и 90-тите, со импресивна меѓународна екипа.
Режисерот Катушин не го крие својот ентузијазам за соработка со акционата легенда:
– Сакам да се шегувам дека речиси го вратив од пензија. Верувам дека таква актерска легенда, како Стивен Сигал, не може да престане. Голема чест и предизвик е за мене да работам со таков уметник. Со нетрпение го очекувам секој кадар што ќе го снимаме, рекол Катушин.
Покрај Сигал, филмот ги спојува и другите икони на акциониот жанр:
Рон Смуренбург – холандски мајстор на боречки вештини познат по својата спектакуларна борба во филмот на Џеки Чен „Кој сум јас?“
Мишел Киси – незаборавниот Тонг По од филмот „Кикбоксер“, во кој глумеше заедно со Жан-Клод Ван Дам
Мајкл Паре – американски актер со богата филмографија
Џени Парис и Алона Харт – ѕвезди од претходниот филм на Катушин „Погрешна смрт 2: Крвни линии“.