СТИГНУВА ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Повремени врнежи, грмежи и силен ветер на повеќе места

Метеоролозите најавуваат нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер, по што следува стабилизација и постепен пораст на температурите.

0

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, најавуваат метеоролозите за следниот период. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, на места се очекуваат врнежи над 15 литри на квадратен метар, а ветерот ќе биде слаб до умерен, со повремено засилување долж Повардарието, каде што брзината ќе надминува 50 километри на час.






Минималните утрински температури ќе се движат од 9 степени во Берово до 18 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе бидат од 10 степени во Маврово до 27 степени во Гевгелија.

Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 15 до 26 степени.

По дождливиот период, следуваат сончеви денови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено во источните делови од земјата и долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а дневните ќе достигнуваат од 23 до 31 степен.

Потоа се очекува дополнително затоплување. Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а ветерот ќе биде слаб до умерен, претежно од јужен правец.

Минималните температури ќе бидат од 7 до 16 степени, додека максималните ќе се искачат од 26 до 35 степени.

Поврзани содржини