СТИГНА ОДГОВОРОТ НА ГАШИ ЗА СРЕДБАТА СО ЗАЕВ По чиј налог ме следат службите на СДСМ и ДУИ?

Претходно независниот пратеник Акендер Реџепи објави фотографија од средба на Гаши и Заев и праша што побарал Гажи од поранешниот премиер?

1,496

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши му одговори на фејсбук на неговиот поранешен сопартиец  Скендер Реџепи за средбата со поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица.

Според него, вистинското прашање e зошто и по чиј налог го селдат службите на СДСМ и на ДУИ?






„Како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ?“, напиша Гаши.

Претходно независниот пратеник Скендер Реџепи објави фотографија од средба на Гаши и Заев и праша што побарал Гаши од поранешниот премиер?

Поврзани содржини