СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ОБЈАВИ ДЕКА ГИ СОБРАЛ ПОТРЕБНИТЕ ПОТПИСИ Неговата кандидатура за претседател ја поддржале 10.372 гласачи
Кога не сум фаворит обично сум најсилен, а првата цел е влез во вториот круг, напиша Јакимовски на Фејсбук.
Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски објави на Фејсбук дека ги собрал потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура.
„Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен, а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија и треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија. Секој од нас заслужува подобр! Храбро до победа! Да живее Македонија!“ – напиша Јакмовски на Фејсбук.
Јакимовски објави дека собрал 10.372 потписи.