СТЕФ КАРИ НЕПРИКОСНОВЕН НА ВРВОТ Ѕвездата на Голден Стејт заработил неверојатни 159,6 милиони долари

Форбс ја објави листата на најплатени играчи во НБА за 2025 година, каде Стеф Кари убедливо води со речиси 160 милиони долари заработка.

0

Стеф Кари и во 2025 година ја задржа титулата најплатен играч во НБА лигата, откако според податоците на магазинот Форбс заработил вкупно 159,6 милиони долари од плата, бонуси и спонзорства. Ѕвездата на Голден Стејт повторно е недостижна на врвот, оставајќи ги зад себе останатите кошаркарски гиганти.

На второто место се најде Леброн Џејмс со вкупна заработка од 137,6 милиони долари, додека трет е Кевин Дурант со 104,3 милиони, со што се заокружува „топ тројката“ најплатени во НБА.






Веднаш зад нив е Јанис Адетокунбо, кој со 99,1 милион долари речиси ја достигнува „стотката“, а листата продолжува со:

Џејсон Тејтум – 79,1 милион долари

Ентони Едвардс – 65,6 милиони

Џоел Ембид – 65,2 милиони

Џими Батлер – 65,1 милион

Шај Гилџус-Александер – 63,3 милиони

Никола Јокиќ – 63,2 милиони долари

Со ова се комплетира ТОП 10 листата на најплатени играчи во НБА во 2025 година, доминирана од ѕвезди кои не само што се носители на играта, туку и на огромни маркетинг-приходи.

Поврзани содржини