СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНА „НА НОГА“ И БЕЗ ДА ЗНАЕТЕ? Шест најчести симптоми разоткриваат дали тоа е така
Исцрпеност, отежнато дишење, болки во мускулите, проблеми со концентрација, главоболка и проблеми со срцето се најчестите симптоми по прележувањето на коронавирусот. Овие маркери можат да ви помогнат да откриете дали вирусот сте го прележале „на нога“ без ваше знаење.
Ако сте имале треска или можеби сте биле во контакт со заразено лице, а не сте имале никакви симптоми, најверојатно се прашувате дали е можно да сте се заразиле и прележале корона дури и без да го знаете тоа. Неодамнешна студија спроведена од Британското централно биро за статистика одвојува шест најчести нуспојави кои можат да потврдат или порекнат дека сте прележале корона „на нога“, пишува Мондо.
Исцрпеност
Хроничниот замор е најчесто пријавениот симптом кај луѓето кои прележале корона. Ова не значи само поспаност, туку и замор што ве спречува да функционирате пред и по болеста.
– Како некој да те тепа и тоа се случува постојано – вели Пол Гарнер, професор на Универзитетот во Ливерпул.
Тој додава дека двата месеци по болеста му биле исклучително тешки лично, но сепак се чувствува многу уморен, има „магла“ во главата и не може добро да процени.
Отежнато дишење
Ковид-19 е првенствено респираторна болест и штетата што овој вирус ја остава на белите дробови не може лесно и брзо да се санира. Иако некои луѓе немаат никакви проблеми откако ја прележале короната, често се случува останување без здив да се појавува долго време после болеста. Според податоците, ова е втор најчест симптом на таканаречениот долг ковид.
Болки во мускулите
Водечкиот американски епидемиолог д-р Ентони Фаучи предупредува дека долгиот ковид често се манифестира со болка во мускулите и зглобовите, заедно со температурата, заморот и когнитивните проблеми, како што се тешкотиите во меморијата.
Проблеми со концентрација
Еден од вообичаените симптоми што се јавуваат кај луѓе кои имале корона е нешто што тие го опишуваат како „магла“ во главата, односно тоа се проблеми со краткотрајната меморија, чувство на конфузија, проблеми со концентрацијата …
Главоболки
Тешките главоболки може да бидат предизвикани од проширување и стегање на крвните садови во мозокот, а овој проблем може да се појави и кај децата.
– Ги разгледавме симптомите на долгорочен ковид кај децата и за жал забележавме дека тие се јавуваат и кај нив, најчесто во форма на замор и главоболки – вели директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Рошл Валенски.
Воспаление на срцевиот мускул
Д-р Ентони Фаучи вели дека проблеми со срцето се јавуваат и кај пациенти кои навидум целосно закрепнале.
– Откривме дека има пациенти кои целосно закрепнале и се чини дека немаат никакви симптоми, но кога ќе ги испитаме, на пример, со магнетна резонанца, се забележуваат голем број од оние кои имаат воспаление на срцевиот мускул. Податоците ни кажуваат дека мора да бидеме внимателни додека не ја разбереме целосно природата на оваа болест – рече тој.