СТАВИЛЕ ДРОГА ВО НЕГАЗИРАН СОК И ГЛУМЕЛЕ ТУРИСТИ Полицијата на ГП Табановце запленила два килограми хероин (ВИДЕО)

Едниот приведен е 31-годишен Ј.Ф. од скопското село Никиштани, а вториот приведен е 18-годишно момче А.Б. од Република Хрватска, информираше МВР.

465

Вчера во 19 часот на граничниот премин Табановце, полицијата спречила меѓународен транспорт на хероин кој бил наменет од Македонија за Хрватска, а уапсила и две лица кои ја пренесувале дрогата спакувана во амбалажи од негазиран сок.

Едниот приведен е 31-годишен Ј.Ф. од скопското село Никиштани, а вториот приведен е 18-годишно момче А.Б. од Република Хрватска, информираше МВР.






„При контрола на автобус на туристичка агенција од Скопје, полициските службеници во координација со мобилен тим од Царинската управа, во багажот пронашле и одзеле околу два килограми хероин, со кој била исполнета амбалажа на разновидни прехранбени продукти. По преземени дополнителни мерки и оперативни проверки утврдено е дека македонскиот државјанин Ј.Ф. е сторител на кривичното дело по член 215 од Кривичниот законик и против него денеска СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава“, се вели во соопштението на МВР.

Поврзани содржини