Министерството за економија до туристичките работници: Доставете анализи за загубите
Како Министерство, ја следиме ситуацијата во сите индустриски гранки во земјата и свесни сме за последиците, но во моментот приоритет е здравјето на нашите граѓани.
Во ситуации каде што главен предизвик е решавање на проблемот со вирусот COVID-19 не треба да се гледа можност за користење на ситуацијата за постигнување на одредени придобивки.Апсолутно сме свесни дека туристичкото стопанство има сериозни последици, но факт е дека и другите гранки од економијата ги чуствуваат истите, атоа е потребен е прагматичен, ефикасен и ефективен пристап кон проблемот, реагира Министерството за економија на барањата на туристичките работници и хотелиери.
Како Министерство, ја следиме ситуацијата во сите индустриски гранки во земјата и свесни сме за последиците, но во моментот приоритет е здравјето на нашите граѓани.
„Што се однесува до мерките кои се директно под надлежност на Министерството за економија укажуваме дека туристичкото стопанство ќе има максимална подршка, односно предлогот за осигурување на аранжмани е прифатлив и истиот е предвиден во измените на Законот за туристичка дејност.Уште при последниот состанок на Кординативното тело за туризам Министерството за економија ја подржувше мерката – конференции, симпозиуми, семинари и други настани кои се во организација на државни институции, општини или други јавни установи наместо да се предвидат надвор од државата да се организираат во нашата држава во објекти кои имаат соодветна материјално техничка база како одговор на сите одложени настани и ненадоместливата штета”, се вели во реакцијата на Министерството за економија.
Оттаму додаваат дека во делот на мерката за подршка на домашен туризам која што Министерството за економија го има предвидено во Програма ќе се разгледува и предлогот истата да се дополни и со ранливи категории како што се пензионери и граѓани со одредени заболувања.
Од Министерството за економија им советуваат на туристичките здруженија и комори да подготват анализа на штетите кои што се предизвикани од откажување на тури, семинари, конфетенции и продажба на аранжмани и да ја достават до Координативното тело кое е веќе е формирано и е составено од претставници од Министерство за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и сите Комори и Здруженија.
Имајки предвид дека дел од мерките се поврзани со даночни олеснувања, додаваат од Министерството за економија, задолжително ќе треба да се направи анализа и од страна на Министерството за финансии, како и Министерството за култура во делот на барањата за правилникот на ЗАМП.
Оттаму наведуваат и дека Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот согласно своите надлежности ќе треба да направи анализа за можностите за промена на Програмата за работа како и пренамена на средствата предвидени за Субвенции за странски организиран туристички промет во Фонд за туризам со цел обесштетување на засегнатите страни.