Старлетата повторно отиде „под нож“, фотографиите од нејзиното лице се морничави (ФОТО)

628

Британската манекенка и ријалити ѕвезда Кејти Прајс (43) ја носи титулата „ветеранка во естетската хирургија“, а неодамна по којзнае кој пат отишла во Турција за нови зафати.

Кејти е позната по своето скандалозно однесување и учествувањето во ријалити емисиите, но она по што е најпозната се дефинитивно пластичните операции кои довеле до тоа да изгледа морничаво, наместо убаво. Кејти порано важеше за една од најубавите жени во Британија.






Кејти повторно отишла во Турција на липосукција, лифтинг на очите и усните, липосукција на подрачјето под брадата и вбризгување сало во задникот.

Ѕвездата и сама признава дека изгледа непрепознатливо и застрашувачки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vouch News (@vouchnews)

„Ова е пекол, беше морничаво. Кога сè беше готово, помислив дека изгледам како чудовиште од хорор филмови. Бев уверена дека ќе умрам или дека на крајот ќе изгледам како морничава кукла. Се разбудив полна со дупки и конци на телото. Само ја сакам старата Кејт назад“, вели таа.

Кога Кејти се разбудила по анестезијата, лекарите ѝ рекле дека ѝ треба трансфузија, меѓутоа, таа го одбила тоа, поради стравот од коронавирусот.

Нејзиниот свршеник Карл Вудс, кој ја гледал интервенцијата во оперативната сала, рекол дека се плашел дека Кејти мртва.

Кејти во повеќе наврати рекла дека повеќе ни сама не знае колку зафати имала. Само операции на градите имала „околу 12“, а вели дека ботоксот повеќе нема никаков ефект на неа, бидејќи многу често го користела до својата 30-та година.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Price (@katieprice)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини