СТАРИОТ ДОБАР МЕДОТААН ЗА ВКУСЕН И ЗДРАВ ПОЧЕТОК НА ДЕНОТ Моќен лек и вкусен додаток

Пастата од сусам, односно, таанот, е моќен природен лек кој помага при хипертензија, го намалува нивото на холестерол, помага при слабеење! Најпозната комбинација е онаа на мед и таан, иако во последно време многу популарен кај нас стана и хумусот кој се прави токму со таан

395

Пастата од сусам или таанот покрај тоа што има богат вкус и текстура, има и широка примена во готвењето, како и бројни здравствени придобивки.
Може да се користи во многу десерти, колачи и пити, како и при подготовка на хумус, а поздрав е и од путерот од кикиритки бидејќи речиси воопшто не е сладок.

Со оглед на тоа што е богат со витамини, минерали и амино киселини, има повеќекратни предности за организмот доколку го вклучите во вашата исхрана.






Традиционално таанот се користи во смеса со медот како медотаан, за подобрување на состојбата нa дишните патишта. Оваа мешавина е и одличен извор на железо, магнезиум, калциум, манган, омега 3 и 6 масни киселини…Медот со таан е комбинација која би требало почесто да се најде во вашето мени.  Не само поради одличниот вкус, туку и поради фактот што е одлична ризница за здравјето.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини