СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА БЛЕСНА КАКО НОВА Комунална хигиена го врати сјајот на најзначајната атракција во Скопје
Оваа акција има за цел да создаде уште попријатна атмосфера за посетителите и да ја потенцира богатата историја и културно наследство на овој дел од градот.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје посветија посебно внимание на една од најзначајните туристички атракции во Скопје – Старата чаршија. Во текот на изминатите денови, тие спроведоа интензивна акција за генерално чистење на овој историски дел од градот.
Со рачно и машинско метење, како и темелно миење на сите површини, екипите ја вратија Старата чаршија во нејзиниот сјај. Оваа акција има за цел да создаде уште попријатна атмосфера за посетителите и да ја потенцира богатата историја и културно наследство на овој дел од градот.
„Со оваа акција сакаме да покажеме дека сме посветени на одржување на хигиената и чистотата на сите делови од градот, а особено на оние кои се од големо значење за туризмот“, изјави в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Јетон Незири.
Во средба со претставниците на Здружението на еснафот на Чаршијата, Незири потврди дека претпријатието ќе продолжи со засилени активности за одржување на хигиената во овој дел од градот. Со заеднички напори, тие ќе работат на тоа Старата чаршија да биде уште попривлечна за туристите и за жителите на Скопје.