СТАПКАТА НА СИРОМАШТИЈА СЕ НАМАЛИ „Џини индексот“ е првпат под 30% во последните 30 години

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо намалување на сиромаштијата во наредниот период кога ќе се видат резултатите од мерките кои ги донела владата за подобрување на стандардот на граѓаните и посебно на пензионерите.

14

Владата постојано работи на подобрување на условите за живот на населението и на поголема еднаквост при распределбата на приходите кај населението, изјави премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за статистичките податоци поврзани со сиромаштијата во земјава.

Говорејќи за стапката на сиромаштијата и т.н. „џини индекс“, премиерот рече дека овој параметар ја покажува стапката на распределбата на доходите кај населението во 2024 година бил понизок отколку претходната, и гледано пошироко најповолен за последните четири години.






– Ако во 2020 стапката на сиромаштија изнесувала 23%, во 2024 таа изнесува 21,9%. Кога станува збор за нееднаквоста во доходите, „џини индексот“ во Македонија во 2024 година за првпат во последните триесет години е под 30 %. Од 33,3 сега е на 29,1 процент и е најдобар во регионот…Можеби некој ќе се исмејува, но тој индекс е подобар од европскиот просек и од сите држави од регионот, што значи дека имаме поголема еднаквост во распределбата на доходите меѓу населението – рече Мицкоски.

Тој рече дека Владата донела повеќе мерки за намалување на сиромаштијата и ги поттикнува општините да реализираат свои.

– Како Влада ќе почнеме да имплементираме поврат на даноци за мајките за прво, второ трето плус родено дете, тука е проектот за шест „ин-витро“ процедури што веќе функционира, вложуваме во вакви објекти што треба да се грижат за тоа, така што еден по еден ветувањата продолжуваме да ги реализираме – рече тој.

Мицкоски рече дека поради сиромаштвото на пензионерите е донесена и одлуката за линеарно зголемување на пензиите.

– Очекувам лаекенскиот параметар односно стапката на сиромаштија во групата пензионери во 2025 драматично да биде подобрена. Со тие 2500 денари покачување во ноември 2024, потоа 2500 линеарно зголемување во април 2025, илјада денари во ноември, очекувам драматично да биде подобрена стапката на сиромаштија во групата пензионери споредбено со претходните години – рече тој.

Мицкоски очекува уште поголемо намалување на сиромаштијата во наредниот период кога ќе се видат резултатите од мерките кои ги донела владата за подобрување на стандардот на граѓаните и посебно на пензионерите.

Поврзани содржини