СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНИ ПАДНА НА 11,9% Во последниот квартал лани невработени биле 94.795 лица

Според статистика, стапката на активност во овој период е 52,5, а стапката на вработеност 46,2%.

53

Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9%, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според статистика, стапката на активност во овој период е 52,5, а стапката на вработеност 46,2%.






Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава  изнесува 795.321 лице, од кои вработени се 700.526, а 94.795 лица се невработени.

Во третото третиот квартал 2024 година активното население изнесување 796.733 лица, од кои вработени биле 698 411, а 98.322 лица биле невработени.

Во вториот квартал бројот на активното население изнесуваше 790 152 лица, од кои вработени биле 691.736, а 98.416 лица биле невработени.

Во првиот квартал од 2024 година, пак, активното население изнесуваше  788.909 лица, од кои вработени биле 687.351, а 101.558 лица биле невработени.

Поврзани содржини