СТАПИ ВО СИЛА ЗАБРАНАТА НА ТРАМП, 12 ЗЕМЈИ НА ЦРНАТА ЛИСТА ЗА ВЛЕЗ ВО САД Кои држави добија шут-карта од Вашингтон?

Во информативниот лист на Белата куќа се посочува дека одредени земји немаат соодветни процедури за проверка и за контрола, што ја ограничува можноста на САД навреме да откријат потенцијални безбедносни ризици пред да им биде дозволен влез.

84

Денеска стапи во сила забраната за влез во САД на државјани од 12 земји што ја воведе претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти Белата куќа.

Трамп ја најави забраната во средата, велејќи дека „мора да дејствува за да ги заштити националната безбедност и националниот интерес на САД и на нивниот народ“.






Забраната целосно го ограничува влезот на државјани од Авганистан, Бурма, Чад, Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Хаити, Иран, Либија, Сомалија, Судан и од Јемен.

Патниците од Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела ќе бидат делумно ограничени, се додава во прогласот на Трамп.

Во информативниот лист издаден од Белата куќа се наведува дека некои од наведените земји имале „несоодветни процеси на скрининг и проверка, попречувајќи ја способноста на САД да ги идентификуваат потенцијалните безбедносни закани пред влезот“.

Други земји „покажуваат високи стапки на престој без виза“, или не соработувале во споделувањето информации за идентитет и за закани, се додава во документот.

Трамп воведе ограничувања за патување на група претежно муслимански земји како еден од неговите први претседателски декрети откако првпат ја презеде функцијата во 2017 година.

Неколку федерални судови се обидоа да ја блокираат забраната, пред Врховниот суд во 2018 година да пресуди дека таа е „строго во рамките на претседателските овластувања“.

Поврзани содржини