СТАНБЕНИ БЛОКОВИ, ЛИВАДА СО ВОДЕНА ПОВРШИНА И ГРАДИНКА Што предвидуваат архитектите за локалитетот „Треска“?

Трите  трудови за кои жири комисијата дава различни оценки во следниот период ќе бидат изложени во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ со цел граѓаните да ги видат и нивните графички прикази.

929

Полуотворени станбени блокови со висина до 8 до 17 ката, паркови, ливада со водна површина, градинка и  хотел. Ова се предвидува со трите идејни решенија за локалитетот на фабриката „Треска“ кои ги одбра жири-комисијата на конкурсот што го објави Општина Центар.

Трите  трудови за кои жири комисијата дава различни оценки во следниот период ќе бидат изложени во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ со цел граѓаните да ги видат и нивните графички прикази.






Прворангиран е конкурсниот труд со шифра „ГДВОР“ со доделена ВТОРА НАГРАДА во износ од  369.000 денари изработен од група автори Јован Ивановски, Паолина Милушева, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски, Билјана Темелковска и  Маја Јанковска.

Со конкурсното решение се предлага просторен концепт оформен од пет полуотворени станбени блокови, отворени кон централниот парковски простор со комбинирана катност од  П + 4 до П + 8 лоцирани долж улицата Франклин Рузвелт, централно поставен парк подолжно во правец север-југ како и станбени низови со катност П + 3 и П + 4 долж улицата  А. Циборовски.

Со самата форма на блоковите оформени се интимни дворови за станарите и истите се поплочани и озеленети и сите се ориентирани кон централниот парк.

Второрангираниот конкурсниот  труд со шифра „SRHNC“ со доделен ОТКУП во износ од 30.000 денари, е дело на Сара Симоска, Лимба Минова Златески, Ружица Станковиќ, Нина Стрезовска,  Христијан Пелтековски и Теодор Ангеловски.

Со ова конкурсно решение се предлага просторен концепт оформен од станбени блокови со катност П + 6 и станбени кули со катност П + 17 ,со намена А2 – домување, поврзани меѓу себе со внатрешни отворени атриуми.

Композицијата на станбените целини е со високи и пониски објекти и партерното уредување и организација на атриумите со содржини за одмор, рекреација и можности за културни збиднувања.

Додека автор на треторангираниот конкурсниот труд со шифра „КСИНГ“ со доделен ОТКУП во износ од 30.000,00 денари е Јане Стојаноски.

Неговото конкурсно решение се базира врз сеопфатна анализа на поширокото градско подрачје со цел да се интегрира просторот на фабриката„ Треска “ преку препознатливи вертикални акценти долж улицата М.Т.Гологанов.

Конкурството решение нуди вертикален елемент- кула од 71,60м со П + 16 со намена Хотел, на аголот на улиците М.Т.Гологанов и Рузвелтова со голема парковска површина – парк- Шума и парк – Ливада со водена површина помеѓу, со што се овозможува интеграција на населбите Буњаковец и Тафталиџе. Домувањето е концетрирано во два атриумски блока како реминисценција на „ Железничка колонија“ и два линеарни станбени блока,  долж улицата Адолф Циборовски. Предвидените станбени единици се главно дуплекс станови.

Во проектот е вклучена и детска градинка лоцирана периферно во директен контакт со зеленило.

Жири-комисијата ја предводеше архитектот  Миодраг Радоњиќ Бато.

Подетално за наградените идејни решенија за локалитетот на фабриката „Треска“ може да прочитате на веб страната на Општина Центар или на следниов линк: https://www.centar.gov.mk/?p=12927

Поврзани содржини