СТАНА МИЛИОНЕР НА СВЕТИ ТРИФУН Љупчо Секуловски освои 1,5 милиони денари

Љупчо Секуловски од Демир Хисар ќе остане запаметен како човекот кој освои „Милионер џекпот“ на Свети Трифун и Свети Валентин.

435

Денот на виното и љубовта доби ново значење за Љупчо Секуловски од Демир Хисар, најновиот добитник на „Милионер џекпот“ на Видеолотарија Касинос Австрија. Љупчо стана милионер освојувајќи 1.572.427,00денари.

Љупчо Секуловски од Демир Хисар ќе остане запаметен како човекот кој освои „Милионер џекпот“ на Свети Трифун и Свети Валентин. Неговата добивка изнесува 1.572.427 денари, а ја освои на видеолотариските апарати во Евротип, во неговиот град.






Тој сподели дека игра често и дека не практикува само една или две игри. Имал повеќе омилени, а овој пат среќна му се покажала Lucky Hot 5 lines. Покрај возбудата и задоволството, со него сѐ уште владееше недоумица за тоа како ќе ги потроши парите, велат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Денот на виното и љубовта е еден, а секој ден може да биде погоден за да се освои „Милионер џекпот“ со сума меѓу 1.200.000 и 1.800.000 денари. Изминатава недела имаше и „Супер милионер џекпот“, кој се скраси со неверојатна добивка од преку 10 милиони денари.

Поврзани содржини