📽 СТАМПЕДО И ХАОС ПРЕД НАТПРЕВАР ВО САНТЈАГО Загинаа две лица, има повредени

Полицијата употребила солзавец, а сведоците и првичните извештаи укажуваат дека возило прегазило две лица кои беа заробени под срушената ограда. Неофицијално, се работи за 18-годишна девојка и за 13-годишно момче.

180

Две лица го загубија животот и неколкумина се повредени во стампедото кое настана пред натпревар на стадионот „Монументал“ во Сантјаго во Чиле, јавуваат  јужноамериканските медиуми. Група навивачи се обиде да навлезе до секторот „Кауполикан“, урнаа ограда, ситуацијата брзо ескалираше и настана стампедо.

Полицијата употреби солзавец, а сведоците и првичните извештаи укажуваат дека возило прегазило две лица кои беа заробени под срушената ограда. Неофицијално, се работи за 18-годишна девојка и за 13-годишно момче.






Инцидентот се случи пред мечот на Коло Коло и Форталеза во второто коло на лигата Копа Либертадорес.

 

Поврзани содржини
na