СТАБИЛНО НА СТАРТОТ НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ Во „Козле“ нема зголемен број на прегледи и хоспитализирани деца

До петок идната седмица ќе видиме дали почетокот на вториот дел од учебната година ќе влијае на бројката на пациенти, коишто ќе дојдат во нашата установа -  изјави за МИА директорот на болницата „Козле" Бесник Зеќири.

101

Од почетокот на второто полугодие од учебната година нема зголемување на бројот на прегледи и хоспитализации во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле”, информиарат за МИА од болницата каде моментно се хоспитализирани околу 40 деца со бронхопневмонија.

– Состојбата е мирна и стабилна. Иако е само првата седмица од второто полугодие. До петок идната седмица ќе видиме дали почетокот на вториот дел од учебната година ќе влијае на бројката на пациенти, коишто ќе дојдат во нашата установа –  изјави за МИА директорот на болницата „Козле” Бесник Зеќири.






Зеќири потсети дека зголемен број на пациенти, помали и повозрасни деца, имале пред Новата година.

Поврзани содржини