ССНМ ги осуди онлајн нападите врз новинарката Мирослава Бурнс
Од Синдикатот велат дека очекувааат по овој случај, и по низата други кои само оваа година ги регистрираше ССНМ, итно да се пристапи кон овие законски измени.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро ги осудува онлајн нападите и заканите по безбедноста на нашата колешка Мирослава Бурнс.
Како што соопштија од Синдикатот, Бурнс, вчера кај нив пријавила низа онлајн напади преку социјалната мрежа Фејсбук, кои се закана по нејзината безбедност, а следувале по нејзиното објавување на текст за организирање свадба во ресторан во Тетово, што е спротивно за законската регулатива која се однесува на борбата против епидемијата со ковид-19.
„Напоменуваме дека објавувањето на вакви престапи со кои се загрозува јавното здравје е од јавен интерес и новинарите и медиумските работници не смеат да бидат цел на какви било напади и закани поради својата работа“ се вели со соопштението.
Синдикатот на новинари и медиумски работници ја поздрави и брзата реакција на полицијата и определувањето доби 24 часовна заштита.
Од Синдикатот додаваат дека очекувааат по овој случај, и по низата други кои само оваа година ги регистрираше ССНМ, итно да се пристапи кон овие законски измени.
„Крајно време е да се заштити новинарската професија како една од клучните професии за штитење на јавниот интерес “ се наведува во сооптението.