ССМ: Срамно ќе биде, ако повторно парите за плата не стигнат до работниците
ССМ најави дека ќе ја следи реализиацијата на фионансиската поддршка за плати.
Сојузот на синдикати ќе ја следи исплатата на финансиската поддршка за плати за февруари и март со цел навремено да се спречи секаков обид за злоупотреба на средствата од страна на работодавачите.
– Ги потсетуваме работодавачите дека средствата треба да легнат на сметките на работниците за двата месеци наеднаш, а срамно ќе биде доколку некој работодавач и покрај сите санкции повторно ги злоупотреби овие наменски средства – велат од Синдикатот.
Апелираат до работниците, доколку не ги добијат платите за февруари и март, веднаш да се обратат до ССМ за да може навремено да се реагира.
Финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март е дел од петтиот пакет антикризни мерки. Законите од овој пакет беа донесени вчера на пленарна седница во Собранието.